петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 0

Градоначалниците на Ресен и Новаци со поддршка за градоначалникот Талевски

g

Поврзани вести

Градоначалниците на општините Ресен и Новаци, Ѓоко Стрезовски и Лазар Котевски денеска на прес-конференција оценија дека битолскиот градоначалник е чесен и искрен градоначалник и изразија уверување дека тој наскоро ќе биде ослободен.

– Нашето судство потклекна под притисоците на СДСМ и на Зоран Заев. Македонскиот народ ова не го одобрува. Владимир Талески е чесен и искрен градоначалник. Тој беше и претседател на Советот на пелагонискиот регион и успешно ги спроведуваше програмите за развој на регионот. Не го оправдуваме ова насилие на СДСМ и Зоран Заев, рече градоначалникот Котевски, додавајќи дека Талевски не заслужува третман каков што го има во моментот.

Според градоначалникот на Ресен, Специјалното јавно обвинителство-СЈО е инструмент во рацете на лидерот на СДСМ и на сите оние кои што не и мислат добро на Македонија.

– Тоа што деновиве се случува во Македонија посочува дека СЈО како инструмент на СДСМ, Зоран Заев и на чадорот, работи на тоа да го повлече целокупниот правосуден систем во Република Македонија. Убеден сум дека граѓаните на Македонија тоа нема да го дозволат. Тие докажаа дека сакаат дела, професионалност и стручност, а не фарбање на сето тоа што Владата на Никола Груевски го направи и сеуште прави, рече Стрезовски на прес-конференцијата во Битола.

Најчитани вести