Градоначалник на Лондон Борис Џонсон е новиот шеф на британската дипломатија

Британската премиерка Тереза Меј вечерва го именуваше поранешниот министер за надворешни работи Филип Хамонд за нов министер за финансии.

Именувањето на Хамонд е прв чекор во формирањето на нова влада, кој го презеде Меј само неколку часа по нејзиното именување на премиерската функција.

Досегашниот министер за финансии Џорџ Озборн, кој ја извршуваше оваа функција од 2010 година и беше близок соработник на поранешниот премиер Дејвид Камерон, поднесе оставка.

За нов шеф на британската дипломатија е назначен досегашниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, потврди кабинетот на новата британска премиерка.

Нов министер за внатрешни работи ќе биде Амбер Рид, а министер за одбрана и понатаму останува Мајкл Фалон.

Меј го назначи Дејвид Дејвис за државен министер за Брегзит, кој ќе биде одговорен за преговорите со ЕУ по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.