четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Поранешен градоначалник се товари за злоупотреба на службената положба

obvinitelstvo-skopje

Последни вести

Поранешен градоначалник се товари за злоупотреба на службената положба. По завршување на истражната постапка и прибирање на сите потребни докази во предметот, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид  во Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен акт против лицето А.П. за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот се товари дека во март  2013 година, како службено лице – градоначалник на  општина Охрид, ги пречекорил границите на своето службено овластување, бидејќи во постапка за доделување договор за краткотраен закуп на паркинг простори со јавно наддавање овозможил постапката да се спроведе и избраниот понудувач да не изврши уплата на износ од 2.010.000,00 денари надомест за едногодишна закупнина на паркинг просторите.

Имено, обвинетиот првично не постапил по известување на Државната изборна комисија, која побарала да се сопре постапката за јавната набавка до завршување на изборите за градоначалник и членови на Советот на општината, а потоа и со потпишување на Договорот за закуп на паркинг простор му овозможил на закупувачот корист – да започне да стопанисува со паркинг просторите, предмет на објавата и постапката, без да изврши уплата на договорениот едногодишен надоместок.​

Најчитани вести