сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 10

Градоначалникот на Карпош ги предаде во употреба новиот лифт

lIFT(6-6-6)

Поврзани вести

Во зградата на булеварот „Партизански одреди“ бр.111, влез 1, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски во понеделникот им го предаде во употреба новиот лифт на станарите во овој колективен станбен објект.

На барање на граѓаните на Карпош, и со одлука на Советот на локалната самоуправа, Општината го заменува стари со нови, и реконструира дотраени лифтови во колективни станбени објекти на територијата на Општина Карпош, што е случај и со оваа зграда.

Првиот човек на Општина Карпош, нагласи дека оваа инвестиција локалната самоуправа ја чинела вкупно 710.000 денари, односно 65 отсто од вкупната вредност на лифтот. Граѓаните во оваа инвестиција учествуваат со 35 проценти финансиски надоместок.

„Воедно, сакам да ги повикам сите граѓани на Општина Карпош, кои имаат потреба од замена на стар со нов, или реконструкција на постоечки лифт, да поднесат барање до локалната самоуправа. Ние како Општина ќе ја разгледаме поднесената документација, и ќе учествуваме со финансиски средства од општинскиот буџет, во заокружување на сите трошоци“, потенцираше Јакимовски.

Академскиот сликар Таки Павловски, кој е станар во оваа зграда, изгрази големо задоволство и благодарност до општинскиот татко Јакимовски и администрацијата на Општина Карпош , што излегле во пресрет на барањата на жителите, и што токму овој влез првпат добива лифт.

 

„На последниот петти кат има сликарски атељеа, и материјалот за сликање моравме да го носиме на раце. Сега со поставениот лифт, овој реален проблем ќе ни биде решен. Исто така повеќе од половината станари во овој влез се пензионери, така што сега со лифтот ќе им се олесни секојдневното функционирање“, потенцираше Павловски.

Васе Самараков, генералниот менаџер на „ХАУСМАЈСТОР ПЛУС“, овластената фирма за управување со станбен и деловен простор, нагласи дека Општина Карпош е прва локална самоуправа, со директна финанскиска инвестиција во замена на стар со нов, или реконструкција на постоечки лифт, и ги повика останатите локални самоуправи, да покренат ваква иницијатива со оглед на големиот број на дотраени, стари или нефункционални стари лифтови кои граѓаните секојдневно ги употребуваат.

Најчитани вести