Градоначалникот на Солун во болница, тепан е по главата, грбот и нозете

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис вчера беше претепан од националисти за време на комеморацијата на Грците кои загинаа во борбата против Турците во Првата свестка војна и во грчко-турската војна.

Бутарис е хоспитализиран со повреди на главата, грбот и нозете.

Ме удираа секаде. Беше ужасно, но сега сум добро, изјави Бутарис за грчката агенција АНА.

Претседателката на Градскот совет, Калипсо Гула која беше заедно со Бутарис на комеморацијата вели дека поголем број националисти се доближиле до нив и му рекле на Бутарис да го напушти местото а потоа почнале да го удираат со шишиња. Од ударите 75 годишниот солунски градоначалник паднал на земја, па што групата продолжила да го удира со нозе по главата и телото.