четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 48

Градоначалникот на Велес скокна во Вардар за да спаси давеник

Решил да се самоубие, па се пишманил. 26 годишно момче од велешкото село Сливник утрово скокна во водите на Вардар, јавува Канал 5.

vardar-most-veles

Последни вести

Решил да се самоубие, па се пишманил. 26 годишно момче од велешкото село Сливник утрово скокна во водите на Вардар, јавува Канал 5.

Кога паднало во водата, момчето почнало да бара помош, по што пристигнале тројца велешани, а меѓу нив и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Во телефонскиот разговор за Канал 5, Чадиев изјавил дека го видел момчето кога скокнало во Вардар. Потврдил дека со уште двајца мажи влегол во вода.

Го направив тоа што треба да го направи секој хуман човек, изјавил Чадиев за „Канал 5“ .

Од болницата велат дека  момчето е донесено со површно дишење и премрзнато од ладната вода. Од страна на лекарите  веднаш е пренесено на интензивна нега , по што  го затоплиле и му е извршен преглед.

Состојбата на момчето е стабилна и тоа е надвор од животна опасност.

Најчитани вести