Градоначалничката Беличанец-Алексиќ на литургија во чест на Св. Петка

Со молитва и запалена свеќа, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска во црквата Св. Петка во населбата Црниче, се приклучи во одбележувањето на големиот христијански празник, посветен на оваа светица.

На литургијата со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски  Агатангел, присуствуваа голем број на православни верници. Почитувајќи ја долгогодишната традиција на чествување на заштитничката  од разни несреќи, но и од многу болести, Света Петка, тие запалија свеќи за здравје токму во храмот кој е изграден во нејзина чест.

Градоначалникот Беличанец-Алексиќ , користејќи ја оваа пригода, на сите православни граѓани им го честита светиот ден, посакувајќи им благосостојба и добро здравје.