Градоначалничката на Смедерево осудена на 15 месеци затвор

Врховниот суд во Смедерево ја прогласи за виновна градоначалничката, Јасна Аврамовиќ за извршување кривично дело примање мито и ја осуди на 15 месеци зтавор.

Судот утврдил дека Аврамовиќ овозможувала стекнување на нелегални пензии за што примала пари.

Образложувајќи ја пресудата, судијата Драгослав Мариновиќ истакнал дека обвинителството докажало кривично дело во однос на четворица пациенти, додека кај тројца обвинети делото не било докажано.

Тој додаде дека Аврамовиќ е осудена според поблаг кривичен закон, оној кој бил на сила при извршување на делото. Според важечкиот закон,таа казна би била две години затвор.