Градоначалник побарал ќерката на Путин да се протера од Холандија

Градоначалникот на холандскиот град Хилверсум, Питер Броертјес,  вчера побарал ќерката на Владимир Путин, Марија, која со својот дечко  живее во Холандија,  да се депортира од таа земја.

За потсетување, повеќе од половина патници кои неодамна загинаа при уривањето на малезискиот боинг, беа Холанѓани.

Меѓутоа, Броертјес, нешто подоцна откако ја дал таа изјава се извинил и на својот Твитер профил напишал дека тоа што го кажал не било мудро и додал дека тоа било само одраз на немоќ и беспомошност.

Од друга страна, како што јавуваат холандските медиуми, Украинците кои живеат во таа земја повикале на мирни протести пред зградата во која живее ќерката на Путин.

За ќерките на рускиот претседател, Марија и Екатерина, многу малку се знае, нема нивни фотографии на интернет и никогаш не се фотографирале со познатите личности.

Холандските медиуми тврдеа дека минатата година Путин ја посетил својата ќерка во оваа земја, но портпаролот на Путин официјално го демантирал тоа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.