Градоначалникот Бакрачески на чело на колоната за расчистување

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески е на чело на колоната за расчистување на последиците од невремето кое денеска го зафати охридскиот регион и цела Македонија.

Според информациите до кои дојде КУРИР, пробиени се околните села кои беа завеани од снежни навеви во охридско.

Во моментот активираната механизација за расчистување во конвој меѓу кој е и градоначалникот Бакрачески се упатува да помогне во расчистување на патот спрема превојот Пресека и евакуација на лицата кои се наоѓаат во завеаните возила