Градоначалникот на Њујорк ги критикуваше полицајците

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио ги критикуваше полицајците, кои му свртеле грб додека на погреб му оддаваше почит на убиен полицаец.

Де Блазио наведе дека таквото однесување на одредени полицајци претставува непочитување кон семејствата на Венџијан Лиу (32) и Рафаел Рамос (40), кои се убиени на 20 декември.

– Не можам да разберам зошто кој било би сторил такво нешто во таква ситуација, изјави Де Блазио на прес-конфренција, еден ден по погребот.

И минатата недела на погребот на Рамос полицајците му го свртеа грбот на градоначалникот на Њујорк.

Полицајците на Њујорк пред два дека не го испочитуваа повикот да не се одржи протест на погребот на нивниот починат колега, намерно вртејќи му го грбот на градоначалникот, додека тој му оддавал почит на убиениот полицаец.

И покрај повикот на комесарот на њујоршката полиција Бил Брентон да не протестираат против градоначалникот, десетина полицајци во групи од околу илјада го свртеа грбот на големите екрани преку кои беше пренесувано обраќањето на градоначалникот во капелата во Бруклин.

Полицацот Венџијан Лиу е убиен од огнено оружје на 20 декември, заедно со неговиот партнер Рафаел Рамос (40), додека седеле во патролно возило во Бруклин.

Убиството на полицајците среде бел ден го шокираа најголемиот град во САД, а припадниците на силите на редот во гнев се свртеа против Де Блазио поради поддршката, која им ја дал на демонстрантите во нивното барање за реформи на полицијата.

Протестите во чест на Афроамериканците, убиени од полицајци, предизвикаа раскол меѓу Де Блазио и њујоршката полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.