Градоначалникот на Валона уапсен заради корупција

Градоначалникот на албанскиот град Валона, Шпетим Гика синоќа е уапсен заради корупција.

Освен Гика уапсен е и уште еден вработен во општината и директор на градежна фирма.

Обвинителството посочи дека тројцата уапсени се обвинети за злоупотреба на службена должност, фалсификување документи и незаконско градење.

Гика (52) лани беше ослободен од такви обвиненија.