Градоначалникот Ристески додели нови решенија за легализација

Денеска во просториите на градската библиотека „Борка Талески“, градоначалникот Марјан Ристески доделени нови решенија со кои се легализираат бесправно изградените објекти. Практично од денеска, граѓаните на кои им беа доделени решенијата се стекнаа со правото за законско користење на личниот имот кој и покрај тоа што со децении го уживале, сепак, не биле и негови вистински сопственици.

Доделувајќи ги новите решенија Градоначалникот Ристески уште еднаш изрази задоволство од големиот интерес што го покажаа прилепчани за оваа владина социјална мерка за докажување на сопственоста за нивните дивоизградени објекти.

За овие предмети потребно е да се поднесе комплетна документација, во кое е предвидено да се достави Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправниот објект со имотен лист за земјиштето.