Градоначалникот Стојановски оствари средби со жителите на Мралино, Бунарџик, Ајватовци, Текија и Дељадровци

Градоначаликот Жика Стојановски заедно со советниците од Советот на Општината, директорите на јавните претпријатија и јавните општински образовни институции, како и раководителите на одделенијата во општинската администрација, ги продолжија средбите со граѓаните на Општина Илинден. Изминатиот викенд непосредна комуникација беше воспоставена со жителите на населените места Мралино, Бунарџик, Ајватовци, Текија и Дељадровци.

На средбите, граѓаните изнесувајќи ги своите мислења за тековните состојби во нивните населени места ги посочија проблемите, идеи за нивно надминување, како и конкретни проекти кои што се приоритет во местата каде што живеат. Притоа, средбите беа искористени и за покренување на нови иницијативи кои што би резултирале со подобрување на одредени состојби во заедницата со цел поквалитетно живеење, како и брз одржлив локален економски развој на Општината.

Во наредниот период, до крајот на октомври, вакви отворени средби со граѓаните ќе се одржат во населените места Миладиновци, Мршевци, Бујковци и Бучинци.