Градоначалникот Трајановски на отворен ден со граѓаните

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска од 10 до 15 часот во просториите на Град Скопје одржа oтворен ден со граѓаните.

Во рамките на отворениот ден, градоначалникот Трајановски се сретна со граѓаните кои во изминатиот период се пријавиле во Граѓанскиот информативен центар на Град Скопје.

На средбата, граѓаните имаа можност да ги искажат проблемите со кои секојдневно се соочуваат и се под надлежност на Градот Скопје, како и да дадат предлози и сугестии за активностите на градската администрација.

Градоначалникот Трајановски разговараше со граѓаните за проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат, како и за начините за нивно ефикасно решавање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.