Градот Белград ќе издава објекти по пат на јавно наддавање

Градот Белград по пат на јавно наддавање ќе издава под закуп 224 објекти.

Како што соопштуваат српските медиуми, во Белгард се издаваат локали, канцеларии, магацини, сали, кои се во сопственост на градот, а почетната цена на закупот се движи од 240 српски динари до 1.602 динари за метар квадратен.

Најниска почетна цена на закупот важи за магацин кој се наоѓа во Земун, а највисоката за локал во близина на автобуската станица, локалите во пешачките премини „Албанија“ и „Теразија“ и во улицата Цар Душан во Дорќол.

фото: kurir.rs

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.