Балкан

Градот Добој поплавен на истиот ден како и во 1968

Градот Добој поплавен на истиот ден како и во 1968

Кога судбината сака да се поигра, таа не бира, а овој пат се поигра со Добој, градот кој е речиси целосно уништен во катастрофалните поплави кои ја зафатија БиХ.

Дамнешната 1968-ма на 15-ти мај, Добој го снашла истата несреќа. Градот бил потполно поплавен, а според се уште непотврдени информации во овој град животот го загубиле десет лица.

Во четврток, 15-ти мај забележан е висок водостој на реката Босна со ниво од 498 сантиметри, а поголем водостој од овој е забележан во 1968-та година кој изнесувал 527 сантиметри, стои во сооштението на Заводот.

Се потврдува дека Добој таа година исто така бил поплавен, а само тогаш водостојот на реките бил поголем отколку сега.