Градот избра изведувач за новиот Луна парк

Постоечкиот Луна парк во Скопје заминува во историјата.

-Градот Скопје веќе избра изведувач кој треба да ги направи градежните работи и партерното уредување во Луна паркот. Тоа ќе оди фазно во зависност од динамиката на набавката на справите и реквизитите. При крај е изборот на фирмите кои треба да ги донесат и монтираат справите, се надевам дека изборот на тие фирми ќе заврши за неполн месец. Очекуваме дека следното лето во 2017-та година тие справи ќе дојдат и тој дел ќе биде исто така партерно уреден, рече градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

Предвидено е целосното уредување на паркот да биде во рок од три години 2017-та, 2018-та и 2019-та година. Секоја година ќе се распишуваат посебни тендери за тие реквизити и справи кои треба да се набават.

-Вкупната вредност на сите справи кои треба да бидат инсталирани е 4 до 5 милиони евра, истакна Трајановски.

1

2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.