Македонија

Градот Скопје ќе додели 2 000 садници на урбани месни заедници и куќни совети

Градот Скопје ќе додели 2 000 садници на урбани месни заедници и куќни совети

Градот Скопје ќе додели 2 000 дрвца (листопадни и зимзелени) од ЈП„Паркови и зеленило“. Садниците коишто ќе ги додели Градот Скопје ќе бидат стручно засадени од вработени лица во ЈП„Паркови и зеленило“.

Како што стои во соопштението, заинтересираните куќни совети и месни урбани заедници треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар Илинден бр. 82. Субјектите во барањето треба да го наведат бројот на садниците  што бараат да им се доделат и точната локација на којашто планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет или од  месната урбана заедница.

На куќните совети и на месните урбани заедници на коишто ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат  најмногу 10 (десет) садници.

Барањата за добивање садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје може да се доставуваат од 29 октомври до 5 ноември  2014 година, решенија за доделување садници ќе се издаваат од 6  до 17 ноември, а  садниците ќе може да ги подигнаат, исто така, од 6 до 17 ноември од ЈП „Паркови и зеленило“ во Градски парк или од расадникот во населба Бутел.

Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира  веќе седма година во две етапи, односно напролет и наесен.