Градот Скопје континуирано работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот

Градот Скопје во континуитет работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот, преку реализација на голем број на проекти кои ги опфаќа сите категории на учесници: сообраќајни возила, велосипедисти и пешаци, информираат од градската власт

Изминативе години во Градот Скопје беше извршено проширување на голем број на сообраќајници, а беше извршена и реконструкција на голем број на сообраќајници. Токму во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, Градот Скопје во 2013 година во употреба го пушти и Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС). Градот Скопје во континуитет работи на реконструкција на постоечките и изградба на нови пешачки патеки на булеварите и улиците во наша надлежност.

Од оваа година Град Скопје го започна и новиот капитален проект на Град Скопје – проектот за унапредување на велосипедската инфраструктура во Скопје и за зголемување на безбедноста во велосипедскиот сообраќај, СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017. Со овој проект е предвидена изградба на нови велосипедски патеки и реконструкција на постоечките во вкупна должина од 51 километар.

Покрај конкретните проекти на терен, Градот Скопје учествува зема активно учество во сите кампањи за зголемување на безбедноста на сообраќајот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.