Градот во офанзива – Скопје веќе нема да се поплавува

По зачестените поплави на скопските улици по речиси секој посилен дожд, градската власт во соработка со јавното водоводно  претпријатие, забрзано почнаа со реконструкција на атмосферската мрежа на некоку критични точки во метрополата. Веќе се гради нов атмосферски колектор под стоковната куќа „Мост“, на дел од булеварот „Гоце Делчев“, а градежни активности во подобрување на атмосферската канаизација се изведуваат и на дел од улицата Финска,  и на булеварот Киро Глигоров.
Во правецот од населбата Пржино кон подвозникот на самите семафори на двете коловозни ленти се поставија три попречни решетки од монолитен бетон и еден сливник. Воедно на самата раскрсница ќе бидат дополнително поставено три сливника. Два сливника кои ќе бидат еден до друг попречно поставени на самиот коловоз и тоа на влезот од булеварот Павел Шатев кон улицата Огњан Прица и еден сливник од улицата Огњан Прица кон булеварот Павел Шатев.
Реконструкција на атмосферската се најавува и на останатите проблематични места, за што Градот планира да потроши околу два милиони евра.

voda5

Развиена мрежа на атмосферска канализација е една од главните причини за превенција од поплавени улици при обилни дождови. Во Скопје само 30 отсто од сообраќајниците имаат атмосферска и тоа пред се’ се градските улици, додека мал дел од улиците кои се под  надлежност на општините можат да прифатат вода при посилни дождови. А, има и населби кои воопшто немаат атмосферска канализација. Покрај немањето атмосферска канализација проблем што предизвикува поплавување на улиците е и ѓубрето кое водата го носи и ги затнува шахтите што ги примаат отпадните води, а потоа сета вода се слева кон градската канализација.

Но, иако при секоја поплава Градот јавно ги повикува општините да го решат овој проблем, во обид да ја поделат вината за „вонредната состојба“ што се прави при секој пороен дожд, сепак, најкритични точки кои постојано се поплавуваат се токму сообраќајниците кои се под надлежноста на градската власт. Тоа се клучката кај хотелот „Континентал“ и подвозникот што води кон Бутел, кај Стоковна куќа „Мост“ и на улицата Павел Шатев, булеварот Киро Глигоров, Србија, Александар Македонски кај „Светлост“, 16- та Македонска бригада кај ресторанот „Дојрана“.

Општините признаваат дека не се во сосотојба на секоја сервисна улица да постават атмосферска бидејќи се работи за скап зафат. Сепак, во последно време, при секоја обнова на поголема улица се изведува и нова атмосферска мрежа.

Од Општина Ѓорче Петров велат дека иако се работи за скапа инвестиција, поради што мал дел од нејзината територија е покриена со ваква мрежа, сите проекти за реконструкција и изградба на сообраќајници што се изведени изминатите неколку години се со атмосферска канализација, а така ќе биде и во иднина. Меѓутоа, оттаму посочуваат дека голем проблем, исто така, се и затнатите шахти и несовесното однесувае на граѓаните во тој дел.

„ Годинава немавме големи штети од поплавите, за разлика од минатата година. Имаше поплавено подрумски простории. Редовно ги чистиме  шахтите и сливниците, кои многу често се затнуваат од смет и габаритни работи кои граѓаните внатре ги фрлаат. Од шахтите се вадат ќебиња, комиње од грозје… Голем проблем прави и заобиколницата чии шахти се свртени кон населените места кои се поплавуваа од неа.

Во Општина Гази Баба,  10 до 15 отсто од сообраќајната мрежа има атмосферска канализација. Во тек е изработка на проект за изведба на атмосферска во населбата Триангла. Години наназад, при секој дожд каналот во населбата Ченто се излева. Тоа се случи и викендов, кога се поплавија дворовите на околните куќи, а  целосно се поплави и паркот „Борис Трајковски“. Од општината велат дека проблемот датира уште од времето кога градоначалник на Град Скопје бил Трифун Костовски. Тогаш биле ставени  цевки за да ја канализира водата во каналот, но со многу мал профил, така што при поголеми врнежи цевките немаат капацитет да ја соберат водата и таа се излева. Во договор со ЈП „Улици и патишта“, сега цевките ќе се извадат и каналот ќе се остави слободно да прима вода.

Во Карпош 80 отсто од улиците имаат  атмосферска канализација

За разлика од другите делови на градот, во Општина Карпош дури 80 отсто од улиците се покриени со атмосферска анализација.

„Во урбаниот дел на Карпош има секаде атмосферска. Во изминатите четири години секаде е интервенирано, може да се случи мало излевање поради затната шахта, но веднаш се решава. Сливниицте се чистат. Во Нерези, поради специфичноста на теренот, проблемот ќе се решава со изградба на сливни решетки за прифаќење на водата“, велат од општината.

Во Бутел на околу 30 отсто од сервисните улици има атмосферска канализација. Оттаму велат дека засега приоритетите се решени, а најголем проблем е улицата Радишанка и Алексадар Урдаревски под надвозникот кој често се поплавува. Во соработка со градската власт, тука проблемот ќе се решава системски, со поставување на сливни решетки и нема да се гради нова атмосферска со поголем капацитет.

„Досега имавме поплаки за улицата Призренска , но таму поставена е атмосферска и на левиот и на десниот крак. Исто така, на улицата Хо Ши Мин, која е многу долга, на повеќе краци веќе е изградена атмосферска. Голема  работа се заврши со реконструкцијата на улицата Бутелска, која е со голем опфат на на атмосферска и фекална канализација. Приоритетите се веќе решени“, велат од службата за односи со јавност на општина Бутел.

Шутка не се плаши од поплави 

Шуто Оризари  е општина со најмала изграденост на атмосферска, односно ваква мрежа има поставено само на дел од главната улица. Од општинта најавија заеднички проект со Градот за изградба на атмосферска  на најкритичните точки:  улиците Нов Живот, Виетнамска и Индира Ганди. За другите улици, велат, се нема пари, а и не претствуваат голема опасност за поплави.

Во Општина Кисела Вода изминатот период се работеше на неколку капитални проекти за изградба на атмосферски канализациони во оние населби и улици кои  се поплавуваа при обилни врнежи.

– Неодамна го финиширавме проектот за изградба на атмосферска мрежа на улиците Ѓорѓи Димитров и Локов, а атмосферска канализација доби и кракот на улицата Димо Хаџи-Димов и улица Жарко Зрењанин, информираат од општината. Во план е изградба на атмосферска има и на улиците Виктор Иго  , Дренак , Базалкова , Невена Гергиева Дуња , дел од улицата Димо Хаџи Димов и дел од улицата 14 Декември и на дел од улицата Новопроектирана во Расадник. Од општината најавуваат и проширување на атмосферска канализација низ улици во населбата Драчево (Малешевска, Славка Димкова и Ужичка Република).

Како најкритични места во општинава кои постојано се под вода при обилни дождови се  граничната точка со Општина Аеродром кај подвозникот на булевар Србија и подвозникот на улица Павел Шатев како гранична точка со Општина Центар.

voda6 voda7voda

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.