Македонија

Градот во Преспа уништи околу 3.000 хектари овошни насади

Градот во Преспа уништи околу 3.000 хектари овошни насади

Силниот град со големина на орев кој вчера го зафати преспанскиот регион нанесе штета на околу 3.000 хектари овошни насади, со што го уништил роот за 30 до 100 отсто.

Најголеми штети се предизвикани во атарите на селата од Перово до Крушје. Покрај родот оштетени се и самите дрвца кои во наредниот период нема да даваат род.

Невремето предизвика поплави по улиците, а оштети и автомобили.