Градови кои се на црната листа за терористички напади

Багдад е најмртоносен град на светот, судејќи според новиот индекс на потенцијална опасност од терористички напади, а од терористичкиот напад на парискиот Шарли Ебдо тој ризик се зголеми и за многу европски градови, пишува британски „Телеграф“.

Индексот „смртоносните“ градови ги рангира според можноста да бидат нападнати од терористи со оглед на историјата на градот, а според него дури 64 градови се под „екстремен ризик од напад“

Бројот на цели во Африка е зголемен заради акциите на терористичката Боко Харам. Од Европа се наведени три града- Лугањск и Доњецк во Украина, како и Грозни во Русија.

Во Велика Британија најголем ризик има Белфаст, по кого следат Бристол, Кардиф, Манчестер и Лондон. Париз е на 97-то место во светот, а пред нашадот врз „Шрли Ебдо“ се наоѓаше на 210 место.

Првите 12 градови со „екстремен ризик“ од терористички напад на листата се:

1. Багдад, Ирак

2. Кабул, Авганистан

3. Могадишу, Сомалија

4. Абуџа, Нигерија

5. Сана, Јемен

6. Бејрут, Либан

7. Дамаск, Сирија

8. Ерусалим, Израел

9. Исламабад, Пакистан

10. Каиро, Египет

11. Триполи, Либија

12. Најроби, Кенија