Градска пресметка во Севилја, калчо дуел во Торино

Вниманието на фудбалската јавност и на тие кои уживаат во најважната споредна работа на денешницата, вечерва ќе биде насочено кон првите 1/8 финални натпревари од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Убедливо најголема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу големите ривали од италијанската Серија А, Јувентус и Фиорентина.

Ништо помалку интересен нема да биде дуелот помеѓу градските ривали од шпанската Примера дивизион, Севиља и Бетис.

Пеколно тешка задача ќе имаат и фудбалерте на Наполи кои ќе се обидат да забележат позитивен резултат во првиот дуел против домашниот тим на Порто.

Според последните информации кои пристигнуваат од Италија, поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев најверојатно и овој натпревар ќе го започне од клупата за резервни фудбалери.

Денеска на програмата: Базел – Салцбург, Порто – Наполи, Лудогорец – Валенсија, АЗ Алкмар – Анжи, Лион – Виторија П., Јувентус – Фиорентина, Севиља – Бетис, Тотенхем – Бенфика.