Градска пресметка во Валенсија

Саботните натпревари од 37. коло во шпанската Примера дивизион нема да предизвикаат ама баш никаква посериозна промена кога е во прашање изгледот на првенствената табела.
За нијанса поголемо внимание ќе привлече дуелот помеѓу градските ривали, тимовите на Леванте и Валенсија.

Домаќинот пред неколку кола и матетматички го осигура опстанокот во елитното друштво, додека популарните “лилјаци” и во новата клупска сезона ќе бидат дел од групната фаза во најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Фудбалерите на Виљареал, кои исто така си осигураа позиција која води во групната фаза од Лигата на Европа, ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен во дуелот против секогаш незгодниот тим на Рајо Ваљекано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.