Градската администрација ќе се вози со електроскутери

Градската администрација ќе се вози со електроскутери
Градската администрација ќе се вози со електроскутери

Градот Скопје набави пет електроскутери за потребите на администрацијата. Градоначалникот, Коце Трајановски, при нивната денешна промоција, упати апел до општините и до државните институции да го следат примерот и да ја поддржат електромобилноста и зачувување на животната средина.

Со набавката на овие 5 електроскутери го направи првиот директен чекор кон електромобилност во Скопје со примена на нови технологии, движење со нула емисии на штетни издувни гасови, почиста и поздрава животна средина и намалување на трошоците за одржување. Скутерите ќе ги користат службите на Град Скопје – инспекторите, комуналните редари и други. Набавените електроскутери ги имаат следните карактеристики: максимална брзина од 45 километри на час; време на полнење 4 до 5 часа; со едно полнење скутерот поминува 50 километри, а што е најважно, возењето 100 километри со ваков скутер ќе чини 10 денари, што претставува 70 до 80 проценти заштеда во споредба со потрошувачката на еден скутер што користи нафтени деривати. Скутерите може да се полнат на било кој извор на електрична енергија, како и во станицата за полнење електромобили во катната гаража „Македонска фаланга”, на улицата Свети Кирил и Методиј. Во наредниот период Градот Скопје ќе набави и еден електроавтомобил и 5 електровелосипеди за потребите на градската администрација, истакна Трајановски.

Elektroskuteri - promocija (6)

Elektroskuteri - promocija (4)

Градот за набавка на овие пет електроскутери, кои се од марката EFUN, X-TREME тип: EFUN-C потроши  782.458 денари. Со ставањето во употреба на новите електроскутери Градот Скопје ќе заштеди за гориво и за одржување, а што е најважно, директно ќе придонесе за квалитетот на амбиентниот воздух и почиста и поздрава животна средина.

 

Прочитајте повеќе: 

Коце се провозе со електромобил

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.