Градскиот буџет до година ќе тежи 70 милиони евра

Градската каса следната година ќе располага со околу 70 милиони евра (3,9 милијарда денари) буџет, според првичните проекции за кои советниците и дирекорите на јавните претпријатија дискутираа на дводневна работна средба во Маврово.

Сепак, се работи за развоен буџет, кој до финaлниот предлог најверојатно ќе претрпи  извесни измени, но генерално останува фактот што за следната година Градот најмногу ќе инвестира во инфраструктурни проекти – проширување,  реконструкција и пробивање на улици, како и за проекти и изградба на нови кружни текови во Центар и во Карпош.

Според работната верзија на буџетот, во која се земени предвид и мислењата од сите 10 скопски општини, најмногу средства се предвидуваат за урбанистички проекти, околу 2,5 милијарди денари. Дел од нив се за изработка на урбанистички планови- 80 милиони денари, за геодетски услуги -15 милиони, за физибилити проекти- 7 милони денри, уривање на објекти- 2 милини, одржување на улици 130-милиони денари, одржување на фонтани -30 милиони денари, за Градска куќа -100 милиони денари, за изграба за трафостаница за Луна парк – 5 милиони, за нaбавка на реквизити за Луна паркот -60 милиони денари, за проекти на три кружни текови (два кај Јужен булевар и еден кај Судска палата околу 21 милиони денари, за фасади 30 милиони денари.

Како што нагласи градоначалникот Коце Трајановски, во проекциите на буџетот, е запазено во секој општина да се реаализира по некој капитален проект.

Пет нови кружни тека

Развојниот буџет предвидува булеварско решение на главната улица во Сарај, но доколку нема простор ќе се реконструираат двете ленти од Сарај до Глумово, и дел од гла улицата во Кондово.

Во општина Ѓорче Петров ќе се реконструира главната улица со тротоарите и ќе се продолжу булаварот Партизански одреди до црквата Св. Петар и Павле. Исто така, ќе се проширува и улицата Борис Сарафов на две места.

Градскиот буџет до година ќе тежи 70 милиони евра
Градскиот буџет до година ќе тежи 70 милиони евра

Карпош ќе добие кружен тек на крстосницата кај „Хубо Мркет“, а ќе се проширува и улицата Скупи. Ќе се изработува проект за продолжување на улицата Теодосиј Гологанов,како и за партерно уредување на просторот спроти студенстскиот дом „Гоце Делчев“.

Во Центар, предвидено е рекострукција на улицата Тодор Александров, од учлиштето „Кочо Рацин“ до првата кривина, со што ќе добие булеварско решение. Во најава е проект за голем кружен тек кај Нова Маакедонија и да помали ма Јужен булевар,  а кај Судска Палата предвиден е кружен тек на повеќе нивоа.

Во Кисела Вода  кон крајот на октомври ќе почнат градежните активности за продолжување на булеварот Борис Трајковкски, од „Стаклара“ до семафорите кај Пинтија,  а на последна 24-ка, исто така се предвидува кружен тек. Во план е и санациа на улицата Народни херои.

Во Аеродром, следната година треба да заврши реконструкцијата на Трета Македонска бригада, а ќе се продолжува и булеварот Асном. Паркот од 90.000 метри квадратни, кој се гради кај последна 5-ка, треба да се заврши.

Во Гази Баба е предвидено проширување на булеварот Александар Македонски, од  „Агро сервис“до АСУЦ.

Во Чаир ќе се проширува Пластичарската улица, улицата Хрстијан Тодоровски Карпош ќе се реконструира од  „Веро“  до  улицата Втора Македонска бригада.

Во Бутел, ќе се реконструира дел од Христијан Тодоровски Карпош, а ќе се санираат и улиците Серава и Александар Урдаревски.

Во Шуто Орризари ќе се заврши изградбата на водоводот, а сепредвидуваи саациј на некои локални улици.

180.000 евра за карузел на плоштадот „Филип Втори“karuzel

По неуспешниот обид Скопје да добие нов Луна Парк преку јавно приватно партнерство, Градот одлучи овој проект да се финансира од градскиот буџет. Засега нема најави за субвенции од Владата. Кон крајот на годинава, ќе се распише тендерот за набавка на нови реквизити.

Исто така, центарот на метрополата ќе добие уште еден карузел, за кој се предвидени 180.000 евра, а ќе биде поставен на плоштадот „Филип Втори“.

Идејата Скопје да добие трамвај сеуште останува, но конкретни активности за ваков вид на алтернативен јавен превоз, за следната година не се предвидени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.