вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Градскиот дувачки оркестар утре ќе изведе Новогодишен концерт во МКЦ

Градскиот дувачки оркестар утре во 20 часот, во Денсинг салата на МКЦ ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт. Концертот ќе трае околу еден час, a влезот за сите љубители на музиката ќе биде слободен.

оркестар

Поврзани вести

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите. На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон, Елингтон… На концертот  ќе биде изведена следната програма:

Одведи ме до месеченитата (Fly me to the moon – arr. S. Nesticos); На мој начин (My Way – C.Francois&J.Revaux arr. H.Eminovic), Тико-Тико (Tico – Tico – L.Abreu arr.W.L), Девојката од Ипанема (Girl from Ipanema – A.C.Jobim arr. H.Eminovic), Бамболео (Bamboleo – S. Diaz arr.H.Eminovic), Розов пантер (Pink Panhter – H. Mancini); Текила (Tequila – A. Lokatelli arr. V.Platonovic) и други хитови.

Најчитани вести