Градско дерби во Верона

Денеска ќе бидат одиграни првите два натпревара од 32. коло во италијанската Серија А, а според најавите, далеку поголеми возбудувања треба да понуди пресметката на “Џузепе Меаца”, помеѓу екипите на Интер и Болоња.

Победата е императив за двете екипи, за домаќинот кој само со три бода ќе остане во игра за едно од двете места кои водат во групната фаза од Лигата на Европа, а за гостинот, трите бода ќе значат и далеку поголема шанса за опстанок во елитното друштво.

Фудбалските фанови во Италија, денеска ќе добија шанса да уживаат и во дуелот помеѓу градските ривали, Киево и Верона.Само за потцетување, есенскиот дуел помеѓу градските ривали заврши со минимален триумф на Киево од 1:0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.