Градско доби ново повеќенаменско игралиште

Во општина Градско денеска е пуштено во употреба

Повеќенаменско игралиште, 40-то од владиниот проект за изградба на вкупно 100 вакви спортски објекти е пуштено во употреба денеска во Градско.

Игралиштето се простира на површина од 1.300 квадратни метри, овозможува одржување тренинзи и натпревари во мал фудбал, кошарка, ракомет и други спортови, а поставени се и рефлектори, со што игралиштето ќе може да се користи и во вечерните часови.

Висината на инвестицијата за изградба на игралиштето е 7,3 милиони денари, обезбедени од буџетот на Агенцијата за млади и спорт.

– Со сите капитални инфраструктурни проекти во спортот, кои Владата во континуитет ги реализира, несомнено се заокружува еден концепт за создавање психофизички здрава младина, која ќе биде оттргната од пороците на современото живеење. Во таа насока е и изградбата на 50 фудбалски терени, 35 спортски сали кои ги гради АМС и 145 училишни спортски сали, кои ги гради МОН, потоа 100-те повеќенаменски игралишта и 120-те тениски терени, од кои бенефит видоа жителите и младите луѓе од сите општини во државата, изјави директорот на АМС Марјан Спасески.

Покрај повеќенаменското игралиште, преку АМС во Градско претходно е изграден и фудбалски терен.

ФОТО: МИА