Делницата од Градско до Неготино затворена за сообраќај

Денес и утре делницата од Градско до Неготино ќе биде затворена за сообраќај.

Од „Мануфактура” продукција најавуваат дека денес и утре поради снимање на францускиот филм „A Fond”,  ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од Градско до Неготино, во периодот од 05:00 до 18:00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.