Графички приказ: Како дошло до страшната сообраќајка што ја потресе Македонија

ТВ Нова објави графички приказ на кој што се гледа како дошло до сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Демир Капија – Удово.

Според информациите од Oсновнoто јавно обвинителство Гевгелија, несреќата се случила на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка кога се судриле автомобил марка „ауди А4“ со германски регистарски таблици, управуван од четириесет и шестгодишен странски државјанин, автобус на „Струмица експрес“ и автомобил „фиат сеиченто“ со скопски регистарски таблици управувано од четириесет и едногодишен скопјанец.

Во сообраќајката загинаа возачот на „фиатот“ и неговата триесет и двегодишна сопруга, додека нивниот син е повреден и во критична состојба е пренесен на скопските клиники.

После неколку часовна блокада, патниот правец Демир Капија – Валандово повторно е отворен за сообраќај.