Графит „ИСИС доаѓа“ осамна на црква во Приштина

Графитот „Исис доаѓа“ е испишан на ѕидот на црквата Свети Никола во Приштина најпрво за време на викендот бил забележан од војниците на американскиот КФОР кои што два пати неделно патролираат околу самиот објект, јавува РТК2, пренесува српски „Блиц“.

Приштинскиот парох Дарко Маринковиќ истакнува дека за сето ова бил известен пред неколку денови, а целиот случај бил пријавен во косовската полиција.

Најлошо од сето тоа е што е испишан повик за терористичката организација против која во овој миг се бори речиси половина свет. Можеби сето тоа се поклопило и денешниот и жалосните случувања од пред 12 дена, кога оваа црква како и многу други манастири беа запалени и уништено, вели Маринковиќ за РТК2.

Графитите на ѕидот околу црквата Свети Никола во Приштина се појавија неколку дена пред 12-годишнината од мартовскиот погром на Србите, кога беше запалена и оваа црква.