Графити на Исламска држава и во Тирана

Графити со ИСИС, Алаху егбер… почнаа се почесто да осамнуваат низ албанските градови. Последниот случај е евидентиран во главниот град. Во познатата населба „Деветокатници“ каде на лимена ограда напишано е ИСИС, а вакви графити, според порталот Албеу, се видени и на други места во Тирана.

Полицијата истражува кој стои за ваквите натписи.

Деновиве на автобуската станица во приморскиот град Валона беше поставен натпис на хартија на која е нацртан лик на џихадист, автоматска пушка и бомба и пишуваше „ИСИС Алаху егбер“, пренесува МИА.

Од полицијата потврдиле дека натписот бил поставен на еден киоск за продажба на весници. Истиот предизвикал паника кај граѓаните кои се нашле тука и веднаш ја известил полицијата.

Ова не е прв ваков случај.

Неодамна Корча осамна со графити на кои со видливо големи букви беше напишано: ИСИС, Алаху Агбар, Ал Каеда и АК-47.