Граѓани го блокираат патот до депонијата Русино

Жители од неколку села кои гравитираат околу депонијата Русино, синоќа го блокираа транспорот и депонирањето на комунален смет од тетовскиот регион. Тие се незадоволни од непочитувањето на нивните барања кои претходно беа договорени со локалните самоуправи од полошкиот регион.

Од синоќа пред полноќ, жители на Сушица, Симница, Ѓоновица, Долна и Горна Бањица поставија барикади од автомобили, камиони и земјоделска механизација и не ги пропуштија камионите кои требаше да истоварат смет на депонијата.

– Не се почитува договорот. Камионите требаше да се движат во ноќните часови по локалниот пат, а не преку целиот ден. Ниту едно од нашите барања, на чие исполнување градоначалниците се обврзаа со договор, не е исполнето. Нема да ги пропуштаме камионите, тоа е ставот на повеќе месни заедници, беше кажано на протестниот собир.

Блокадите според најавите ќе продолжат и денеска, со што ќе биде оневозможено депонирањето на комуналниот смет од тетовскиот регион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.