Граѓаните со осуда за луксузот на Шекеринска – „борецот“ против сирошатијта

Граѓаните со осуда за луксузот на Шекеринска - „борецот“ против сирошатијта
Граѓаните со осуда за луксузот на Шекеринска - „борецот“ против сирошатијта

Вилата во која беше сместена заменик-претседателката на опозиционата СДСМ, Радмила Шекеринска, а се наоѓа на Јонското крајбрежје е една од најлуксузните во западна Грција. Таму престојот од ден во месец август е 2.000 евра, или пак за 10 дена цената е 18. 000 евра. Шекеринска беше сликана на јахта со грчко знаме која го носеше името на нејзината ќерка и за која се претпоставува дека е во нејзина сопственост и покрај тоа што не е легално пријавена.

Корисниците на социјалните мрежи жестоко го осудуваат однесувањето на оваа политичарка. Тие потсетуваат на нејзините дејствувања во минатото и за лажните ветувања кои СДСМ ги даваше до граѓаните, а коментираат и дека Шекеринска живее во луксуз со нелегално стекнати пари, пишува порталот „Курир“.

rsk11

rsk22

rsk33

rsk44

rsk55

rsk66

rsk77

rsk88

rsk99

rsk1000

Критики за нејзиното однесување испраќаат и членови и симпатизери на СДСМ. Велат дека додека тие на терен кампувале за СДСМ, Шекеринска си ужива на јахта, а сака да покаже лажна слика за себе.

Screenshot 17

Screenshot 18

Screenshot 11

Screenshot 12

Screenshot 13

Screenshot 14

Screenshot 16

Screenshot 19

Screenshot 20

Граѓаните жестоко го осудуваат ова луксузирање на жената која се претставува дека е борец против сиромаштијата.

fbr21

fbr22

fbr23

fbr24

fbr25

Граѓаните со право се чувствуваат револтирани, а згора на тоа Најчевска од СДСМ со тешки навреди удри по граѓаните. Кон јавноста од која опозицијата бара поддршка на избори.

За народот, еве што мислат гласноговорниците на СДСМ: “Тој е составен од глуперди и цепаници неделкани“. Еден од најжестоките поддржувачи на СДСМ, поранешната раководителка на Хелсиншкиот комитет Мирјана Најчевска продолжува со дрски и вулгарни навреди кон македонскиот народ.

Еве, повторно ќе кажам јасно и гласно: македонскиот народ е составен од глуперди и цепаници неделкани. Значи, глуперди низаедни, цепаници неделкани, разбудете се пред да биде ептен доцна, напиша Најчевска на својот Фејсбук профил и додава дека ова тврдење било подобро отколку тврдењето на политичарите дека народот е мудар и паметен.

najceeee1500

После ваквите навреди од страна на Најчевска кон сопствениот народ, станува повеќе од јасно дека нема друга држава каде експонентите на опозицијата со толку омраза дејствуваат против својот народ. После ова неминовно се поставува прашањето „Како Најчевска и уште поважно како СДСМ чиј активен поддржувач е таа, планира да ја освои довербата од народот кого го смета за глуп и недоделкан“.

Фрапантна е омразата и нервозата што е плод на фрустрацијата од слабата поддршка. Ова според познавачите е резултат пред се’ на нервозата од разликата од анкетите кои покажуваат низок рејтинг на опозицијата, односно СДСМ, коментира порталот.

 

Прочитајте повеќе:

ВМРО – ДПМНЕ до Шекеринска: Oтворивте ли агенција за целиот недвижен имот со кој располагате?

ФОТО: Дали ова е приватна јахта на Радмила Шекеринска?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.