Граѓани со поддршка за институциите се собираат пред Уставен

Граѓани со поддршка за институциите се собираат пред Уствен
Граѓани со поддршка за институциите се собираат пред Уствен

Денеска освен протестниот марш против одлуките на Уставниот суд, организиран од граѓанската опција „Ајде“ и опзициската СДСМ, ќе има и мирен собир, кој вчера го најави лидрот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Тој во името на неговата партија ги покани граѓаните на собир за поддршка на македонските институции. Граѓани кои даваат поддршка на институиите веќе почнаа да се собираат пред Уставен.

Од ГРОМ велат дека ако нема институции нема да има и држава.

Лидерот на ГРОМ вели дека високи партиски функционери не почитуваат одлуки на институции и нападите се политички мотивирани. Според него, денешниот собир не е контра протест туку тие се за поддршка на институциите.

Од ГРОМ се децидни дека институциите не смеат да работат под притисок, посебно не политички.

-Ги повикувам граѓаните собирот да биде мирен, достоинствен да ги одбраниме македонските институции, да не дозволиме врз нив да се врши притисок затоа што ако нема институции, нема ни држава. Затоа што сите оние што се обидуваат да ни ги урнат институциите, да го урнат водството во Р. Македонија сакаат да не постои Р. Македонија. Очигледно е дека граѓаните сакаат да ги одбранат институциите и навистина се наоѓаме во едена шизофрена  ситуација каде што министерот за внатрешни работи на Р. Македонија, кој што Граѓанската опција за Македонија не го признава и тој вечерва ќе протестира, потенцираше Јакимовски.

Тој јавно постави прашање, што ќе прават полицајците кога нивниот министер за внатрешни работи ќе тргне да протестира против највисоката институција во Р. Македонија, Уставниот суд.

-Тоа значи дека граѓаните ќе бидат подготвени со жив штит  да си ги бранат сопствените институции ако ја сакаат сопствената држава без разлика дали некој во моментов ја извршува функцијата министер или било што. Напротив јас сметам дека оние што се наоѓаат на највисоки државни функции треба да создаваат ред и поредок и да допринесат за смирување на тензиите во Р. Македонија и надминување на оваа политичка криза во која се наоѓа нашата држава, рече Јакимовски.

Од „Ајде“, со почеток во 18 часот денеска најавија „бдеење за Уставот“, односно, учесниците на маршот ќе останат во тек на ноќта спроти одржувањето на седницата на Уставниот суд на која ќе се разгледува иницијативата за укинување на делови од Законот за помилување.