12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Граѓаните бараат правда за убиените кај Смилковско езеро:

„Спиеш ли мирно Заев. #Монструм“, „Правда за жртвите, затвор за монструмите“. „Колку субвенции земаа монструмите?“,  побараа во четвтокот правда за случајот „Монструм”, односно затворање на убијците на момчињата кај Смилковското Езеро, на денешниот протест пред Кривичниот суд во Скопје.

Побараа преземање одговорност на правосудството и порачаа дека жртвите никогаш нема да бидат заборавени.

Незадоволните граѓани се организираа преку социјалните мрежи, за протестот под слоганот „Правда за жртвите од Смилковско eзеро#.

Ова беа само дел од пораките кои ги испратија граѓаните кои денес протестираа пред Кривичниот суд барајќи правда за жртвите убиени кај Смилковското езеро во 2012 година.

„Заев, дали и ти ги сонуваш жртвите од Смилковско?“- стоеше на еден од транспарентите.

Граѓаните го изразија својот револт од однесувањето на Зоран Заев со овој случај и неговото манипулирање со чувствата на родителите на убиените момчиња.