сабота, 29 јули 2017  |  Вести денес: 22

Граѓаните бираат меѓу кандидатите на 11 коалиции и партии

Гласачките ливчиња ќе бидат на македонски јазик, а во средините каде има повеќе припадници на етничките заедници и на нивните јазици.

glasanje-2

Последни вести

На деветите парламентарни избори во Македонија, четврти предвремени од 2008 година наваму, учествуваат 11 коалиции и партии со 58 листи и 1.092 кандидати.  Гласачките ливчиња ќе бидат на македонски јазик, а во средините каде има повеќе припадници на етничките заедници и на нивните јазици.

Коалициите и партиите под овие редни броеви настапуваат во сите изборни единици.

Коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ и ВМРО за Македонија имаат по 123 кандидати, Коалиција за промени и правда 120, ДПА, Либерална партија и Левица имаат по 100 кандидати, Алијанса за Албанците и БЕСА имаат по 80 кандидати и ПДП 20.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, коалицијата предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда – Трет блок и Коалиција ВМРО за Македонија имаат кандидатски листи за сите шест изборни единици и за дијаспората.

ДПА има кандидатски листа во Првата, Втората, Третата, Петата и Шестата изборна единица.

ПДП има кандидатска листа само во Изборната единица 6, а Либералната партија во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица.

Левица има кандидатски листи во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица, а Движењето Беса во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица. Коалицијата „Алијанса за Албанците“ има листи во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица.

Најчитани вести