Граѓаните да останат смирени- без паника и со ладна глава

Без паника и со ладна глава. Колку и да е тешко ова да се постигне за време земјотреси како вчерашниот, психолозите порачуваат дека со паника граѓаните може само штета да си направат.

Новите тресења на тлото денеска продолжија да го подгреваат стравот.

За да го надминат стресот психологот Мирјана Јовановска препорачува граѓаните да разговараат за тоа што ги мачи, да се движат меѓу пријатели и доколку за ден два не ја пребродат кризата да се обратат кај стручно лице.

Стравот од катастрофи е реален и е дел од нагонот за преживување да пробаме да се одбраниме и да се спасиме, но паниката е последица на фантазијата, помисла на најлошото – што би било кога би било – и затоа води до неразумни решенија, објаснуваат психолозите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.