Граѓаните да се вклучат во гаснење на пожарите апелираат од оптшината Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров информираше во четвртокот дека поради високите температури се зголемува и опасноста од избувнувато шумски пожари на отворен простор и апелира за поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од пожари и нивно вклучување во гаснењето на пожарите во рамки на своите можности, а претседателите на месните и урбани заедници да ја подобрат организациската поставеност на својата територија.

Ова е истакнато на вонредниот состанок за превенција од пожарите што се одржал денеска во општина Ѓорче Петров. Предвидени се и средби со месното население на кои ќе се разговара за актуелната состојба.

Состанокот, како што соопшти општина Ѓорче Петров, го раководел градоначалникот Сокол Митровски, а присуствувале претседателите на месните и урбани заедници, преставник од РЦУК–Карпош и командирот на полициската станица „Ѓорче Петров“.

Советникот за безбедност Станоја Богев истакнал дека меѓу граѓаните потребна е поголема мобилизираност и соработка во случај на избивање нови пожари на територијата на општината, како и да се зголеми контролата на шумската полиција на терен.

На состанокот бил поделен материјал со насоки за однесување и превенција за време на летните месеци кога пожарите се најактуелни.

Пожарите во руралниот дел од општина Ѓорче Петров, во селата Чашка, Грачани, Орман, Никиштани и депонијата кај реката Лепенец нанесоа големи штети. Последниот пожар што избувна во село Орман веќе е локализиран, но нов се појави на потегот околу караулата Чашка. Во негово гаснење учествуваат припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, месното население и вработени во комуналните служби во општината.

Општина Ѓорче Петров информира дека ситуацијата и понатаму е сериозна на терен и затоа треба да се внимава каде се оставаат отпадоци, посебно празни стаклени шишиња и да не се фрлаат отпушоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.