Граѓаните до Заев: Или ќе не послушате или ќе ве нема!

Жителите на Дебaрца  протестираат против изградба на регионална депонија во нивната општина. Под мотото „Дебрца чиста“ ја наследивме чиста и ќе ја оставиме, жителите креваат еколошки бунт.

Tочно на пладне во селото Ботун започна протестот, на кој насобраните жители носеа транспарети на кој пишуваше : „Премиере одржи си го зборот“,„ На лагата и се кратки нозете од нас баравте глас, а ни испорачувате гнас“, „Премиере, не играјте си со нашето трпение!“

Тие велат дека нема да отстапат од барањата да се поништи одлуката за изградба на регионална депонија во село Годивје.

Граѓаните му порачуваат на Заев дека треба нив да им го даде она што им го вети, а не на неговите коалициони партнери.

Институциите на системот се наш сервис, или ќе не послушате или ќе ве нема, му порачаа граѓаните на премиерот Зоран Заев.

Како што велат организаторите на протестот, целта е уште еднаш да се слушне гласот на народот против одлуката да се гради депонија во оваа општина.

Во рамките на проектот за изградба на интегриран систем за управување со цврст отпад во Југозападниот плански регион кој ќе се реализира со средства од ИПА- фондовите, предвидено е регионалната депонија да се изгради во општина Дебрца, во реонот на селото Годивје. Планирано е да биде ставена во употреба до 2020 година,со тоа што во овој регион ќе бидат затворени стотина диви депонии, меѓу кои е и струшката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.