Граѓаните до Заев: Избори мора да има, сакаме мир и стабилност

Избори мора да има. Сакаме мир и стабилност. Доста губевме време. Граѓаните бараат изборите да се одржат на 24-ти април, без одложување и државата да биде ослободена од кризата која ја наметна СДСМ. Тие на социјалните мрежи не го кријат својот револт од однесувањето на опозицискиот лидер.

Од коментарите на социјалните мрежи што ги објави „Курир“ јасно и недвосмислено се гледа дека тие јавно му порачуваат дека нема да дозволат да бидат негови заложници и дека сакаат државата да оди напред, а не да живее во криза и конфликтност која ја креира СДСМ на чело со лидерот Заев.

Тие велат дека Заев не може да бега од избори и дека ако изборите не се одржат на 24-ти април, треба се она што беше договорено во Пржино да престане да важи. Преку социјалните мрежи, граѓаните велат дека ако Заев не сака избори, треба да бидат повлечени и техничките министри предложени од него, затоа што тој и онака не го почитува договорот од Пржино.

Граѓаните му порачуваат на Заев дека без избори не може да дојде на власт и дека тие нема да му дозволат да биде заобиколена нивната волја. Оценуваат дека политичарот е исплашен, но остро му порачуваат дека немаат никаква доверба во него.

fb-komentari-zaev2-640x305

На корисниците на социјалните мрежи им е преку глава од ваквото однесување на опозицискиот лидер. Го нарекуваат предавник и кукавица, а според нив СДСМ е издајничка партија.

fb-komentari-zaev3-640x485

Граѓаните знаат …