среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 43

Граѓаните доставуваат идеи за програмата на ВМРО-ДПМНЕ

idei

Последни вести

Околу 2.500 идеи за само три дена се испратени по писмен и електронски пат од над 1.000 граѓани од целата држава. Граѓаните покажаа огромен интерес да достават своја идеја за проект кој би бил дел од програмата на владејачката партија.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека кога само тие би се ставиле на хартија би излегла многу обемна и содржински издржана програма, но тоа навистина ги охрабрува, како што велат, да ја направат најобемната и најдобра програма која ќе ја реализираат. Тим од експерти во различни области веќе работи на разгледување на проектите и нивна селекција на оние кои се издржани.

idei1

Пунктови се поставуваат ширум Македонија каде граѓаните лично можат да достават свои идеи. Денеска беа поставени пунктови во Неготино, Гостивар, Ресен, Битола и Кичево.

На градскиот плоштад во Неготино граѓаните чекаа ред да напишат своја идеја. Градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов вели дека интересот бил голем, а со идеи на граѓаните и тој направил голем дел од својата програма за локалните избори.

– Ги повикувам граѓаните кои му посакуваат добро на нашиот град и на нашата држава, да излезат и да ги дадат своите идеи и со тоа да бидат вклучени во составувањето на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори, а таа програма ќе биде реализирана од 2016-2020-та година…Граѓаните на Република Македонија се најдобар извор на идеи. Најмногу се засегнати со патната инфраструктура, асфалтирање и тампонирање на селските улици, рече градоначалникот.

На Интернет страната и официјалниот меил за собирање на идеи, досега се пристигнати над 1500 идеи на граѓани.

Акцијата продолжува и во наредните денови, а од следната недела ќе стартува и караванот трибини во кои партиски функционери и експерти во одредени области директно ќе дискутираат со граѓаните во сите градови од државата.

Идејата за граѓаните да бидат вклучени во креирање на програмата на ВМРО-ДПМНЕ ја даде премиерот Никола Груевски, кој ги повика сите заинтересирани да дадат свој предлог.

– Предложете идеја која ќе помогне на вашиот град, село, на вашата општестевeнa група, на вашето семејство, или на вас самите. На вашиот пријател, дедо, баба, роднина, родител, дете, комшија, сограѓанин. Ние ветуваме дека на секој збор од вашите идеи ќе пристапиме темелно, во добар дух и со аспирација да ја реализираме идејата. Не ветуваме дека се ќе може да реализираме, тоа никогаш го немаме ветено, затоа што имаме свест дека не е можно се, веднаш и сега, но доколу и најмалку е можно ние тоа ќе го направиме. Ние не сакаме да бидеме неискрени со вас, затоа што знаеме дека токму таа наша доблест да не трчаме за ситен поен, а притоа да покажем неискреност е нашиот најсилен адут за вашата доверба ве охрабрувам да предлагате, да создавате, да бидете креативни. Ништо не е невозможно, постојат патишта кои водат до се, се вели дека доколку искажеме доволно волја, секогаш би требало да имаме и доволно средства. Ние реално ќе ви одговориме. Твојата идеја може многу да промени. Вистина е дека најголемите резултати во животот најчесто се постигнуваат со едноставни средства и искажување на вообичаени одлики. Имајте доверба во себе. Во минатиов период направивме доста, никогаш не ветуваме дека ќе решиме се, свесни сме дека има уште многу работа, и ние знаеме како понатаму, со нас сте на сигурно, рече тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека се задоволни од текот на акцијата за прибирање на идеи и дека одзивот е повеќе и од очекуваното. Од она што може да се забележи е дека граѓаните кои директно учествуваат во оваа кампања со огромна доверба и сериозност пристапуваат кон споделувањето на своите предлог-проекти и идеи, а тоа се должи на успешната реализација на програмите кои ги промовира ВМРО-ДПМНЕ како партија.

Најчитани вести