недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Граѓаните масовно предлагаат идеи за програмата на ВМРО – ДПМНЕ

idei-bitola

Поврзани вести

Околу 2.000 идеи по писмен и електронски пат за само три дена се испратени од стотици граѓани од целата држава. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека кога само тие би се ставиле на хартија би излегла многу обемна и содржински издржана програма.

 

Денеска беа поставени пунктови во Битола, Штип, Тетово, Кичево, Прилеп; Аеродром, Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода. Само на интернет страната и официјалниот меил за собирање на идеи досега се пристигнати 950 идеи на граѓани. Во дел од предлозите стои:

 Да се дозволи царина и целосна документација за регистрирање на сите странски автомобили кои веќе се влезени во државава со ЕУРО 2 и веќе царинети или не се царинети кои немаат ТИФ и ХОМОЛОГАЦИЈА. Со тоа добиваат и будзетот на РМ и сопствениците кои се во голем број…

Mоја предлог идеја е да се обнови пругата по која се сообраќало вовчето Ќирчо, односно пругата до Охрид. Сметам дека тоа би било прекрасна туристичка атракција како за туристи така и за сите оние кои иначе неможат да си дозволат да прошетаат и да ги видат убавините на нашите краишта . Сметам дека ке биде земена во предвид оваа интересна предлог идеја за поубава Македонија…

Субвенциониранје за секоја изградена термо фасада…

Реконструкција и изградба на Карго Аеродром на сегашниот спортски аеродром (Аџитепе)-Куманово. Во склоп на Аеродромот да има слободна царинска зона, модерен трговски центар (Mall) и по можност да се донесе брендот IKEA и слични,а исто така и развојно индустриска зона.Со еден ваков проект невработеноста во Кумановскиот крај значително би се намалила но исто така би имало зголемување на економијата бидејќи местоположбата на Карго Аеродромот и комплексот е погодно и за фирмите и населението од Србија и Косово…

Согласно капацитетите,  со свои идеи околу целокупната акција „На Македонија и треба твојата идеја“ се приклучија и некои експоненти на СДСМ со нивните типично деструктивни мислења и сугестии. Братучедот на Радмила Шекериснка Никола Наумовски, преку порталите на СДСМ предлага „Да го рушиме Скопје 2014 со динамит…“

Акцијата продолжува и во наредните денови, а од следната недела ќе стартува и караванот трибини во кои партиски функционери и експерти во одредени области директно ќе дискутираат со граѓаните во сите градови од државата.

Предложете идеја која ќе помогне на вашиот град, село, на вашата општестевeнa група, на вашето семејство, или на вас самите. На вашиот пријател, дедо, баба, роднина, родител, дете, комшија, сограѓанин. Ние ветуваме дека на секој збор од вашите идеи ќе пристапиме темелно, во добар дух и со аспирација да ја реализираме идејата. Не ветуваме дека се ќе може да реализираме, тоа никогаш го немаме ветено, затоа што имаме свест дека не е можно се, веднаш и сега, но доколу и најмалку е можно ние тоа ќе го направиме. Ние не сакаме да бидеме неискрени со вас, затоа што знаеме дека токму таа наша доблест да не трчаме за ситен поен, а притоа да покажем неискреност е нашиот најсилен адут за вашата доверба ве охрабрувам да предлагате, да создавате, да бидете креативни. Ништо не е невозможно, постојат патишта кои водат до се, се вели дека доколку искажеме доволно волја, секогаш би требало да имаме и доволно средства. Ние реално ќе ви одговориме. Твојата идеја може многу да промени. Вистина е дека најголемите резултати во животот најчесто се постигнуваат со едноставни средства и искажување на вообичаени одлики. Имајте доверба во себе. Во минатиов период направивме доста, никогаш не ветуваме дека ќе решиме се, свесни сме дека има уште многу работа, и ние знаеме како понатаму, со нас сте на сигурно, рече премиерот Груевски во најавата за кампањата.

Велешкиот градоначалник Славчо Чадиев денеска ја поздрави оваа акција, бидејќи како што нагласи, и тие со нивното работење како локална самоуправа ги користеле идеите на граѓаните од урбаните, од месните заедници.

Меѓутоа, дел од тие идеи што ги предлагаа граѓаните неможевме да ги вградиме во програмата затоа што беа од капитално значење и за нашата општина, за вардарскиот регион, меѓутоа и за републиката. Токму затоа дел од тие идеи ќе ги преточиме, ќе ги предложиме како локална самоуправа, на сите оние што ќе побараат идеи за правење соодветни програми, бидејќи гледаме и во минатото што имавме предложено како локална самоуправа, идеи од сегментот на патната инфраструктура помеѓу Велес и Скопје, Велес и Штип, пред се би го ставил тука и мостот на реката Вардар, мостот гемиџии, кој што се организираше токму по барање на граѓаните на општина Велес, рече Чадиев.

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ- Прилеп, Никола Димески рече дека карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ е постојано да биде заедно со граѓаните и заеднички со граѓаните да ги детектира сите проблеми, сите идеи кои што ги имаат и заеднички да ги решаваат.

Еве и оваа година продолжуваме со нашата блискост со граѓаните, постојано да ги црпиме од нив идеите и ова е една можност на која што ќе можат сите наши сограѓани, без разлика која област ги интересира, дали станува збор за спорт, култура, економија, образование, здраство и така натаму и така натаму, рече Димески.

Најчитани вести