Граѓаните масовно се изјаснуваат против населувањето имигранти и подигнување бегалски кампови

Наместо да собира мигранти, Владата нека се грижи за социјално ранливите категории, порачуваат граѓаните кои во саботата во во паркот Жена-борец во центарот на Скопје спроти Собрението, испратија порака дека новата валаст треба да се грижи за своите граѓани, а не да троши средства за мигранти кои предизвикуваат безредија во други држави.

„Нивно доселување е голем ризик за безбедноста во Република Македонија и за стабилноста. Со наплив на поголем број на луѓе за кои треба да се направат домови, да се вработуваат и едуцираат, ние немаме таков капацитет да го издржиме. Имаме наши граѓани сместени во прифатилишта кои добиваат скромен оброк. Сегашната Влада нека се осврне на сопствените граѓани. Тука ќе се промени сликата во составот на население во нашата држава“, вели анкетиран граѓанин.

„Новнот0 доселување во Македонија ќе има огромен негативен ефект за сите граѓани на Република Македонија, судејќи по настаните кои се случија периодов во други држави каде се населија непосредно близу до големи и главни градови. Сметам дека Македонија нема доволно ресурси за да се справи со вештачки донесени мигранти и тие што ги има подобро е да ги искористи за граѓаните на Македонија од социјално ранливи категории на кои им е потребна помош“, рече граѓанин кој се потпиша на иницијативата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.