„Граѓаните.мк“ нов проект на СОРОС за поддршка на СДСМ и „борците за слобода“

„Граѓаните.мк“ уште една приземна манипулација на Сорос и уште една пералница на пари на невладини организации и начин соросовите луѓе да пумпаат средства, но и да ги пласираат своите политички тези кои се во целосна корелација со СДСМ и да ја финансираат нивната кампања, пишува порталот „Курир“.

Во медиумскиот простор изникна уште една иницијатива на Сорос која се чини дека ќе биде главната тупаница на опозицијата која треба да го завземе просторот на компромитираните граѓански организации на СОРОС кои делуваат како политички испостави и канцеларии на СДСМ. Ако порано беше тоа ГЕМ, потоа коалицијата Граѓаните за Македонија, сега уште еден скапо платен проект на СОРОС е во најава, обидот за ребрендирање, но со истите луѓе и истите валкани пари е преку Граѓаните.мк кои од далеку се гледа дека ќе делува како продолжена рака на СДСМ за што постојат и конкретни факти.

„Граѓаните.мк“  е регистрирана на име на организацијата Метаморфозис која е ќерка организација формирана и финансирана од СОРОС. Оваа платформа е формирана наменски и тоа веднаш неколку дена по насилните протести пред Владата на 11 мај годинава, и таа требала да постои до ноември оваа година. Но, откако претходно беше утврден точниот датум на избори односно 26 април наредната година, регистрацијата на најновото чедо на СОРОС е продолжена и таа сега треба да важи и да работи до 11 мај 2016-та година односно неколку дена по изборите што говори за еднократната политичка употреба на организацијата и манипулацијата која СОРОС и СДСМ сакаат да ја направат.

slika-tekst500

Поддржувачи на соросовиот проект „граѓаните” се истите невладини организации на СОРОС кои застанаа зад коалицијата Граѓаните за Македонија кои беа во коалицијата со СДСМ, и кои стоеа рамо до рамо зад насилните протести пред Владата, истите кои го поддржаа Заев во неговото сценарио за уцена и насилно рушење на демократски избрана власт, и организации кои располагаат со валканите пари на СОРОС кои се бројат во милиони.

СОРОС финансира огромни пари во кампањата на СДСМ преставувајќи се како граѓаните. Експертите се согласни дека за да може така да се претставува треба да излезе на избори и да докаже дека граѓаните стојат зад него. Според екпертите зад него стојат само скапо платените невладини организации на СОРОС кои се од него зависни и му должат. Според коментарите на социјалните мрежи скапиот соросов проект “граѓаните” треба да се пременува срам.мк или деструктивност.мк. 

Зад „граѓаните.мк“ гледано низ челните организации кои го поддржуваат стои комплетната структура на СОРОС; а гледано низ луѓето кои ги раководат стои комплетната структура на СДСМ.

Па така таму може да се прочитаат директно