-Би го повторил она кое што го кажаа сеизмолозите, а тоа е сите оние граѓани кои што имаат потреба да пријават определена штета, тоа да го направат на отворениот телефон 195 или пак на мејл на ЦУК, за потоа тимови кои што се предводени од ИЗИИС да ги посетат истите овие објекти и а направат потоа увид во степенот на оштетување на определениот објект. Покрај тоа што граѓаните ќе можат да ги пријавуваат своите потреби за присуство на стручни тимови, Управувачкиот комитет ги задолжи сите општински кризни штабови во градот Скопје, како и кризниот штаб на Град Скопје, да извршат паралелно обиколка на сите определени места во нивната општина, особено во проверка на патната инфраструктура, инфраструктурата во делот на водовод, канализација, рече Ѓорѓиев.