Граѓаните на ЕУ потрошиле 130 милијарди евра на алкохол

Балтичките земји се лидери меѓу државите членки на Европската унија според учеството на потрошувачката на алкохолни пијалаци во вкупните раходи на домаќинствата, објави во понеделникот европската статистичка агенција Eurostat.

Според статистичките податоци, во 2016 година Европејците потрошиле речиси 130 милијарди евра, што претставува 0,9 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на Европската унија. Уделот на потрошувачката на алкохолни пијалаци во посек достигнала 1,6 отсто во Европа.

Од истражувањето се испоставило дека најмногу алкохолните пијалаци се омилени во Прибалтикот. Лидер е Естонија, каде што 5,6 отсто од потрошувачката на граѓаните за минатата година отпаднало на алкохолните пијалаци. Потоа следат Латвија и Литванија со показатели од 4,8 отсто односно 4,2 отсто.

Полска и Чешка ги заземаат четвртото и петтото место, каде што учеството на потрошувачката на граѓаните на овие земји на алкохол достигнува 3,6 отсто.

Најмалку, или 0,9 отсто од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци во Европа трошат Шпанците, покажува истражувањето. Пред неа се Австрија со 1,3 отсто, Португалија со 1,4 проценти и Германија со 1,5 отсто од вкупната потрошувачка

Уделот на трошоците за алкохол, пак, најмногу бележел раст во Кипар и Чешката Република. Во периодот меѓу 2006 и 2016 година, уделот на алкохолните пијалаци во вкупните расходи на домаќинствата останал „грубо стабилен во огромното мнозинство земји членки“, пишува Eurostat.

Најголемо зголемување во текот на споменатиот десетгодишен период е регистрирано во Кипар – 1,6 отсто од вкупната потрошувачка на домаќинствата во 2006 година на 2,0 отсто во 2016 година, односно пораст за 0,4 проценти и во Чешка, исто така, за 0,4 процентни поени, односно од 3,2 отсто во 2006 на 3,6 отсто во 2016-та.

Обратно, учеството на алкохолните пијалаци во вкупните расходи на населението значително е намален во десетгодишниот период во Литванија, од 5,2 отсто во 2006 на 4,2 отсто во 2016 година, односно за 1 процентен поен, како и во Бугарија, Латвија и Финска каде е забележан пад од 0,5 отсто.