Граѓаните на Неготино: Нема да дозволиме федерализација на Македонија

Жителите на Неготино во голем број излегоа да дадат поддрѓка на собирот организиран од страна на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Оттаму беше порачано дека недоличното и некултурно однесување кон сопственоста, може да го прави некој кој има отсуство на чувство за припадност.

– Се собравме вечерва повторно во центарот на Неготино за да го покажеме нашето несогласување пред целата јавност од сето она што и се случува на нашата Македонија. Нема да дозволиме никакво распарчување и федерализација на Македонија. Да престане уништувањето на македонските споменици, културно-историските објекти, државните институции. Да престане уништувањето на се што е демократски стекнато, затоа што друга држава немаме, беа само дел од пораките испратени до присутните на градскиот плоштад во Неготино.